Џудо клубот „Дрим“-Струга најуспешен во машка конкуренција на државното првенство во Прилеп

- Локални, Спорт
1078

Изминатиов викенд  се одржа државното првенство во Џудо за кадети во Прилеп. Џудо Клуб „ДРИМ“- Струга настапи со пет  натпреварувачи и освои три златни медали (државни прваци) и еден бронзен медал, со тоа што беше најуспешен тим во машка конкуренција. 

Со медали се закитија:

1. Марио Нелоски -50кг ЗЛАТО

2. Андреј Симоноски -55кг ЗЛАТО

3. Христијан Глигороски -81кг ЗЛАТО

4. Дион Лена -60 кг БРОНЗА

5. Андреј Вељаноски 5то место.

„Иднината на џудо спортот е во Џудо Клуб ДРИМ СТРУГА ,а тоа го докажуваат и резултатите.“ – велат од струшкиот џудо клуб.

Strugaonline

Facebook Коментари