Еден од најпопуларните гитарски состави во регионов на 30-ти септември ќе ја посети Струга

- Забава, Локални
1140

На 30ти септември, Сабота стружани ќе имаат ретка можност да присуствуваат на музичкиот хепенинг кој по сите параметри ветува дека ќе биде еден од најдобрите музички настани што во последно време му се случиле на градот. Како главни sвезди на вечерта се најавени рокенрол триото „Репетитор“ кои во Струга доаѓаат после распродадена европска турнеја. Многу музички новинари ги сместуваат во едни од најдобрите млади концертни состави во Европа што секако е дополнителна мотивација да го проследиме нивниот настап во Струга. Пред настапот на „Репетитор“ ќе имаме можност да проследиме концерт на одличните џезери „Сетстат“ заедно со Мирко Попов, навидум неочекувана, но неверојатно добитна музичка комбинација. Кога на моќниот, модерен слободен џез на Сет, го додадете несомнениот дивергентен сонграјтерски потенцијал на М. Попов, излегува потполно ново и потентно сонично животно. На моменти можеби помалку мрачни, но извонредно музикални шлагери кои црпат инспирација колку од џезот, толку и од поп номенклатурата од минатите неколку децении. Ова комбо веќе има еден заеднички албум позади себе (Се Плашам од Македонци, PMG Recordings 2015), а во моментов го промовира новиот ЕП – Лунатика.

После концертите програмата продолжува со афтер парти, забавата ќе се случува во просторот наречен хангар кој се наоѓа позади летната сцена од домот на култура. Ќе имаме можност да се забавуваме со едни од нај перспективните дј-и кај нас, „Andreas Hz“ кој е еден од основачите на фестивалот „Desonanz“ и Виктор Апостолски кој доаѓа од промотерската куќа „Drop Series“.

„Се гледаме на 30-ти Септември на настанот кој несомнено ке ја одбележи оваа есен во градот.“ – велат организаторите

Strugaonline

Facebook Коментари