Екипата на РК Струга славеше во Скопје, на чекор е до плеј-оф

- Локални, Спорт
459

Екипата на РК Струга славеше на гостински терен во Скопје над КЛ7 со резултат 28:23  и освои  три бода со кои е на чекор до плеј-оф. Во овој клучен натпревар Стружани ја имаа контролата во текот на целиот натпревар, на крај на првиот дел беше 8:13.  Во вториот дел домаќините се обидоа да направат пресврт, но само намалија на три гола разлика, па Струга повторно дојде до +5.

Во нашите редови Рајатовски со 8 гола беше најпрецизен пред Лакичевиќ и Илиевски со по 6 гола, додека  Јовановски  14 пати го одбрани струшкиот гол.  Кај КЛ 7 најефикасен беше Ѓорговски со 6 гола.

Оваа победа за нашата екипа веројатно ќе биде  сосема доволна за пласман во плеј-офот, а со тоа и за директен опстанок.

Strugaonline

 

Facebook Коментари