Илузионистичка претстава за деца вечерва во Струга

- Локални
687

Денеска (6-ти декември) со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  во Струга ќе биде одиграна илузионистичката претстава за деца „Како Магионичарот Марло ја спаси Старата Нова Година“. Претставата е во режија и сценарио  на Горан Митревски.

Како Магионичарот Марло ја спаси Старата Нова Година , а може и да се рече дека таа го спаси него.. Магионичарот Марло после долго време се враќа назад во Македонија. Тој на своите патувања научи нови трикови кој сака да ги сподели со вас. Овој пат има многу изненадувања, дури и самиот Марло ќе биде изненаден. Повелете и видете како!
„Предновогодишно магично доживување . Повелете со вашите другарчина, баби, дедовци, мајки и татковци.“ – велат од Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари