Избор на Европска убавица наскоро во Струга

- Забава, Локални
822

Во рамките на фестивалот Езерски бисери на 10-ти август, (петок),  во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” – Струга, со почеток во 21;00 часот ќе се избира и Европска убавица. Тоа е натпревар на убавина, мода и талент. Билетите ќе чинат 50 денари.

 Инаку, „Езерски бисери“ е меѓународен арт фестивал и натпревар на кој учествуваат пејачи, инструменталисти, танчери, уметници од целиот свет. Нивните настапи ги оценува реномирано интернационално жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови по натпреварот за сите учесници и нивните професори. На фестивалот годинава земаат учество таленти од Македонија, Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Литванија, Казахстан, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Турција, Молдавија.

Овој реномиран арт-фестивал, годинава се одржува во период од 10-ти до 12 –ти август.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари