J&J Acoustic претставуваат акустична кавер-верзија на хитот „Ти си проблем“

- Локални, Музика
173

J&J Acoustic снимија одлична  акустична кавер верзја на добро познатата песна „Ти Си Проблем” на „Студени Нозе” (во стил на акустичната верзија на “Нокаут”) и легендарната “Stairway To Heaven” на Led Zeppelin.

Дуото J&J Acoustic е составено од Јован Јованоски – вокал и ритам гитара и Јован Чифлигароски – соло гитара. Чифлигароски пoчнал да свири гитара на тринаесет години, потоа се запишал во средното музичко училиште ДМУ „Тодор Скаловски“, Јованоски гитара свири од седум години, а запишувањето во средното музичко училиште е моментот кога го доживува сериозниот пристап кон музиката.

„J&J Acoustic всушност е  е музички проект создаден после долги години соработка на повеќе проекти а и во бендовите The Jacks (2014-2016) и High Voltage (создаден 2016 и сеуште трае).“ – велат младите музичари.

Идејата за овај проект е изведување на кавери од познати рок, поп-рок, блуз и фанк песни по кафулиња, пабови, фестивали и  различни настани.

Strugaonline

Facebook Коментари