J&J Acoustic: Сакаме да го вратиме рокенролот каде што му е местото – на врвот!

Во рубриката млади и надежни музичари од регионов, го претставуваме дуото J&J Acoustic составено од Јован Јованоски – вокал и ритам гитара и Јован Чифлигароски – соло гитара. Чифлигароски пoчнал да свири гитара на тринаесет години, потоа се запишал во средното музичко училиште ДМУ „Тодор Скаловски“, Јованоски гитара свири од седум години, а запишувањето во средното музичко училиште е моментот кога го доживува сериозниот пристап кон музиката.

„J&J Acoustic всушност е  е музички проект што го создадовме после долги години соработка на повеќе проекти а и во бендовите The Jacks (2014-2016) и High Voltage (создаден 2016 и сеуште трае).“ – велат младите музичари.

Идејата за овај проект е изведување на кавери од познати рок, поп-рок, блуз и фанк песни по кафулиња, пабови, фестивали и  различни настани.

Strugainline:Прилично сте млади, а веќе имате визија за тоа како треба да се одвива вашата кариера. Изработувате cover верзии на познати рок теми, какви се реакциите на публиката каде што настапувате?

Јован Јовановски: Па, така некако. Голем дел од нашите преработки се изведени на прилично необичен начин, некогаш се случува да импровизираме со стилот на песната на “лице место”, па реакциите се прилично позитивни од публиката.

Strugaonline: За нас луѓето кои не се занимаваме со музика и истата само ја слушаме, гитарата е само музички инструмент, што е за тебе гитарата?

Јован Чифлигароски:Кога почнав да слушам рок музика имав шест години, и гитарата ми изгледаше како најфраерски инструмент, но до тринаесет години немав план да свирам и да бидам музичар. На тринаесет години прв пат фатив гитара во раце и имав претчувство дека гитарата и музиката се тоа со што сакам да го работам целиот мој живот. Гитарата денеска е најзастапен инструмент затоа што е многу универзален и опфатен во сите можни жанрови тоа е така затоа што според мене изгледа најкул, почетничките гитари се продаваат за многу поприфатливи цени за разлика од другите инструменти, инструмент со кој што може најмногу да се експериментира со звук, и инструмент кој што стварно го извлекува максимумот од тебе, во однос на создавање и свирење музика, едноставно секогаш кога ќе фатам гитара во раце чувството е исто како првиот пат.

Strugaonline: И двајцата се’ уште сте средношколци, какви ви се плановите за понатаму кога станува збор за музичко образование? Што е за вас поважно во овој период од животот, да бидете популарни или да се посветите на школувањето?

Јован Чифлигароски: Планираме да продолжиме на факултет само заради тоа што сакаме самите да се надоградиме во сите модерни жанрови инаку отсекогаш нашата цел е создавање авторска музика со бенд со која би сакале да го вратиме рокенролот каде што му е местото – на врвот. Во овој период од животот подеднакво ни е важно и школувањето, и популарноста, и свирењето по кафулиња, и маркетингот преку кој што ги пласираме нашите проекти и бендови, се што е поврзано со музика ни е подеднакво важно – поважно од се друго.

J&J Acoustic – Still Loving You (Cover)

On a rainy day, lots of memories, and this song… <3

Gepostet von J&J Acoustic am Mittwoch, 27. Juni 2018

Strugaonline: Може ли во Македонија да се живее од музика?

Joван Јованоски: На сите места во светот каде што има солидно ниво на култура, љубов кон уметноста, креативност и почит кон другите „играчи” може да се живее од музика.

Strugaonline: Колку во Струга и Охрид има вистински почитувачи на музичкиот стил кој што го преферирате?

Јован Чифлигароски: Да бидеме реални нема премногу луѓе во двата градови што слушаат рокенрол музика, но тие што ги има ги почитуваме најмногу и се доволни за нас.

Strugaonline

Facebook Коментари