КЛ7 Струга со седум од седум во пионерска конкуренција, совладан е и РК Охрид

- Локални, Спорт
632

Дуелот на двете непоразени екипи во пионерска конкуренција, заврши со победа на пионериte од Струга над РК Охрид со 21:19.

Oвој дерби натпревар ги исполни сите очекувања па публиката имаше можност да проследи возбудлив дуел каде дури десет пати беше израмнет резултатот, а неколку пати екипите се менуваат во водството.

Првото полувреме се играше гол за гол, се до самиот крајот кога екипата на Охрид успеа да се „одлепи“ на два погодоци, но стружани  за брзо вратија со серија од 2:0 и успеаа да заминат на пауза со нерешен резултат 9:9.

Во второто полувреме КЛ7 Струга ја презеде резултатската контрола, успеада поведат со два погодоци разлика но противник за последен пат израмни на 15:15, по што следеше серија од 3:0 на нашите пионери која се покажа како одлучувачка за победата и продолжување на победничката низа. На крај, КЛ7 Струга славеше  со 21:19

Најдобар во нашата екипа беше  Славчо Шулески кој постигна дури 12 погодоци.

Ова беше последно коло во пионерската лига во група 1, КЛ7 Струга останува на првата позиција со седум победи после седум одиграни натпревари и со најдобра гол разлика во целата група.

Извор и фото: КЛ7.МК

 

Facebook Коментари