Концерт на хрватскиот бенд „Пракса“ во Струга

- Забава, Локални
688

Во недела, 18-ти ноември, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга концерт ќе одржи  бендот -Збор „Пракса“.

„Пракса“ доаѓа од Пула (Хрватска) и има осум членови. Од своето основање, во март 2014 година, имаат над шеесет настапи во Хрватска, Словенија, Србија, Австрија и Франција. Ова ќе биде нивно прво претставување во Македонија , за оваа пригода, во чест на домаќините подготвија и десеттина македонски традиционални песни што ќе бидат изведени на осумнаесетти ноември во рамки на нивниот стандарден репертоар (народни песни од светот) со кои ќе настапат во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари