„Летна шема – Импровокација“ наскоро во Охридскиот театар

- Забава, Локални
709

На 29-ти јуни со почеток во 21:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одиграна најновата епизода од театарската импровизација „Импровокација“. Овојпат со поднаслов “Летна шема”.

„ Иако температурата надвор моментално е далеку од летна, сепак не се срамите и дојдете во петок со наочари за сонце, гума за пливање, јадранки или бекутан.“ – вели познатата актерска петторка која ја реализира „Импровокација“

Картите за шоуто се веќе во продажба во Музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари (200 ден. на денот на шоуто).

Strugaonline

Facebook Коментари