Младинците на КЛ7 Струга викендов одиграа нерешено со РК Бутел

- Локални, Спорт
529

Изминатиов викенд на ракометните терени, екипите на КЛ7 ги одиграа своите натпревари, во кои забележаа четири победи, два  порази и еден дуел заврши нерешено.

Младинците на Струга со многу потешкотии дојдоа до бод против екипата на РК Бутел. Натпреварот започна во израмнета борба и со дури девет израмнувања во првиот дел, па гостите на одмор заминаа со еден погодок предност. Во вториот дел продолжи играта гол за гол, се до 38. минута кога прво РК Бутел се „одлепи“ на три погодоци 17:20, а неколку минути подоцна и на максимални пет погодоци 20:25. Кога се мислеше дека натпреварот е завршен, нашите момци се вратија во игра и успеаа да израмнат на 29:29, но не успеаа да напрват комплетен пресврт и да  поведат, па на крајот двете екипи  мораа да се задоволат со само еден бод.

КЛ7 Струга – РК Бутел 32:32 (14:15)

КЛ7 Струга: Галевски, Тренески, Мишевски 7, Дуноски, Мариноски, Негриески, Христоски 7, Шулески 2, Јованоски, Бочески, Костовски 2, Ѓорговски 10, Тутенкоски, Домазетоски, Ѓоргиевски 3, Ортаковски.

Седмерци: 1/2    Исклучувања: 12 минути

Извор: kl7.mk

Facebook Коментари