МТСП работи на случајот со девојчето кое пријавило дека е силувано во Струга-сеуште нема потврда дека се работи за силување

- Локални
751

Министерството за труд и социјална политика  информира дека  веќе работи на расветлување на случајот со малолетното девојче од  Домот 25 Мај кое вчера во полиција пријавило дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга. МТСП е во постојана комуникација со МВР и до овој момент нема потврда дека се работи за силување. Установата веќе ја обезбеди потребната стручна помош и заштита на девојчето и постапува согласно процедурите. Истовремено, МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: МТСП

Facebook Коментари