Мултиетнички фестивал за деца „Струга 2018“

- Локални
1088

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ (ЛЕТНА СЦЕНА), на 10-ти октомври со почеток во 12:00 часот, по десетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот детски фестивал.

Оваа година на фестивалот ќе настапат студиото за модерен балет „БАХ“ од Струга, КУД Илинден“ од Струга, „Rrezet e Struges,“ културно уметничкото здружение „Валц“  а предвидени се и соло изведби.

Организатор на фестивалот е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот ќе започне во 12:00 часот, влезот е бесплатен.

Strugaonline

Facebook Коментари