Најпознатата турска новинарка Озлем Тунџа ќе снима репортажи за Струга, Вевчани и Охрид

- Занимливо, Локални
1172

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) продолжува со активна промоција на туристичкиот потенцијал на Р.С. Македонија преку ФАМ тури на еден од најголемите пазари во државава – Турција. АППТ во соработка со Turkish Airlines и македонскиот тур-оператор Bademtour ја носат на четири дневна посета на земјава најпознатата новинарка во Турција – Озлем Тунџа.

Озлем Тунџа пристигнува со семејството во текот на денешниот  ден и ќе помине четири дена низ земјава со цел да сними 40 минутна репортажа за најпопуларната емисија за туризам во Турција –   Dünyayı Geziyorum, која се емитува на турската национална телевизија Канал 7.

Новинарката Тунџа во овој период ќе ги посети Тетово, Ресен, Битола, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Маврово и Скопје и ќе го сподели искуството за семејно патување низ земјава.

Извор: АППТ

Facebook Коментари