Новогодишното расположени вечерва во Охрид продолжува со Суперхикс

- Забава, Локални
880

После прекрасниот дочек на Нова година во Охрид заедно со Даниел Кајмакоски, и првата вечер во Новата година кога охриѓани и туристите се загреаа во одличната атмосфера која ја направи Бени-Нон стоп,  во Охрид новогодишната журка продолжува и вечерва. Имено, во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ на градскиот плоштад вечерва ќе настапи DJ Славе Ќелешоски, потоа концерт ќе одржат „Балкан џем“ како најава за познатата група Суперхикс чиј што настап ќе започне во 21:00 часот. Споменатиот проект „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ не завршува тука. На 7-ми јануари, (најголемиот Христијански  празник Божиќ) ќе го разубават Сергеј Четковиќ и Ѓоко Танески, на 13-ти, за Стара Нова година  ќе уживаме во музиката на Љубојна, а  на 19-ти јануари за големиот верски празник Водици  ќе настапи групата  Фолтин.

Strugaonline

Фото: архива

 

Facebook Коментари