Пионерите на РШ Струга Динг загубија од РК Струга

- Локални, Спорт
108
Пионерите на РШ Струга Динг загубија од РК Струга во рамки на 13-то коло со резултат  18:25 (11:13).
-Одигравме мотивирано и цврсто во одбраната на чело со голманот Великиќески, но не издржавме во финишот, пред се поради на моменти несигурноста во нападот, за што придонесе кратката ротација и заморот кај поискусните играчи, кои сепак одиграа добар натпревар, повторно потпомогнати од помладите пионери кои играат се послободно. -велат од клубот.
 Во следното коло пионерите на Ракометната школа од Струга гостуваат во Скопје кај екипата на минатогодишниот вицешампион Голден Арт.
Strugaonline

Facebook Коментари