Пливачите од клубот ,,3Дисциплини“ освоија шест медали на пливачкиот митинг во Скопје

- Локални, Спорт
285

Членовите на пливачкиот и триатлон клуб 3Дисциплини од Струга освоија шест медали на   пливачки митинг ,,Делфин куп“ во Скопје.

Пливачкиот клуб 3Дисциплини овај пат настапи со одличната екипа на пионери родени 2015-2016, плус по еден претставник во категорија постари пионери и кадети.

Матеј Лазороски освои второ место во категорија 50м краул, Бона Кукунешоска  се закити со златен медал во категорија 50м делфин. Дарија Магдис  освои сребро во категорија 50м делфин, Јаков Хиохи во Струга се врати со златен медал во категорија 50м градно, Мона Кукунешоска освои второ место во категорија 50м градно и Тија Кукунешоска освои трето место во категроија  400м мешано.

Одлични резултати постигнаа и Дејан Лекоски, Марко Лазарески, Горјан Шумуликоски, Христијан Нически, Тамара Јовческа Илина Спироска, Јана Билетина и  Дамјан Цветаноски.

-Сите постигнати резултати даваат уште поголлемо значење знаејќи го фактот дека сите деца потекнуваат и се дело на нашата пливачка школа.-велат од клубот ,,3Дисциплини“.

Strugaonline

Facebook Коментари