Премиера на претставата „Метод“ вечерва во Охрид

- Локални
682

Вечерва со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна премиерата на театарската претстава „Метод“.

„Метод“ е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува.

Оваа претстава зборува за последносто интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? – вели режисерката Стеријовска.

Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејното решение за сценографијата го изработи  Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети.

Strugaonline

 

Facebook Коментари