РК Пролет славеше над РК Струга со двоцифрена разлика

- Локални, Спорт
520

Екипата на Пролет на гостински терен убедливо го совлада тимот на Струга со 38:20.

Водството на Пролет започна уште од првата минута, од стартните 0:2, предноста ја одржуваа, а на крајот на првиот дел истата беше зголемена на седум голови разлика.

Во вториот дел се продолжи со исто темпо, па РК Струга почна да губи и со двоцифрена разлика, така што на крајот на мечот, Пролет славеше со 18 голови разлика.

СТРУГА – ПРОЛЕТ           20:38 (12:19)

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 5, Попин, Савески, Јанкуловски 3, Ферукоски 4, Русески 1, Симоноски 1, Лекоски, Јаковчески 1, Новаковиќ 1.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.

ПРОЛЕТ: Кизиќ, Коруновски, Кристо, Василевски 6, Аларов, Поповски 9, Давитковски 3, Матовски 1, Манев 2, Додевски 2, Андоновски, Џонов 5, Мајнов, Дамчевски 6, Блажевски 1, Стојановски 3.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 мин.

Facebook Коментари