РК Струга го загуби езерското дерби против РК Охрид

- Локални, Спорт
432

РК Струга загуби во вчерашното езерско дерби, а РК Охрид славеќи на гостински терен го запечати своето место во плеј-оф и ја продолжи низата на максимален учинок.

Охриѓани славеа со 20:18, а нивната победа се наsираше од самиот почеток, иако стружани покажаа црвста игра. После десет минути игра во првото полувреме, Охрид имаше предност од 5:1, а стружани тогаш се вратија сосема, за девет минути подоцна да биде 6:6. До крајот на првото полувреме беше неизвесно, но Охрид успеа да направи предност и на одмор се замина со 11:9.

Во второто полувреме продолжи неизвеснота бидејќи Струга му парираше на противникот па дојде до 12:12. Охриѓани на крај ја вратија својата предност и дојдоа до десетта победа од десет одиграни натпревари во групата А.

Strugaonline

Facebook Коментари