РК „Струга“ после речиси целосна доминација, загуби од „Пелистер“ во самиот финиш

- Локални, Спорт
592

Во рамките на Супер-лигата нашите ракометари од РК Струга беа блиску до победа на гости во Битола, но крајот на натпреварот донесе радост за РК Пелистер. Битолчани славеа со 30:28 со што ја задржаа втората позиција на табелата.

Стружани доминираа од самиот почеток на натпреварот , но Пелистер израмнуваше. Стружани три пати успеаа да се одлепат со 3+.

Пелистер успеа да израмни на 24:24, потоа повторно три пати бркаа резултат , за во самиот финиш да поведат со 28:27. Па потоа погодија за два разлика. До крајот на натпреварот двата тима погодија уште по еднаш и Пелистер славеше со 30:28

Strugaonline

 

Facebook Коментари