РК „Струга“ со убедлива победа над РК „Радовиш“

- Локални, Спорт
697

Во рамките на 12-то коло од Суперлигата, ракометарите на РК Струга на домашен терен славеа со победа над РК Радовиш со резултат (19:12) 37:27. Самиот резултат зборува за доминацијата на ракометарите на РК Струга во двете полувремиња од натпреварот.

Од нашиот тим, Тренчевски постигна девет голови, Котески 10, Јанкуловски 5, Кузмановски 4, Петровски 2.

Кај гостите најдобар беше Ивица Илиев со 10 голови од кои 4 постигна од линијата за седум метри. Кристијан Ристов 7, Лука Бујич 4, Божидар Симиќ 4, Стефан Колоски погоди два пати, а младиот голман Александар Тушев забележа шест одбрани за дваесет минути.

Оваа убедлива победа на стружани е одлична мотивација за идни успеси.

Strugaonline

Facebook Коментари