РК Струга загуби од РК Пролет со резултат 27-21

- Локални, Спорт
414

Ракометарите на Пролет во плеј-оф од супер лигата славеа на домашен терен против тимот на Струга со 27-21.

Стружани во најголем дел од првото полувреме сосема му парираа на противникот, гол за гол се играше до 7-7 , но потоа домаќините поведоа со 9-7

Нашите ракометари потоа намалија  на 9-8, но следуваше мала криза во играта на РК Струга па Пролет стигна до  16-12.  На пауза беше 16-13 за Пролет.

На стартот на вториот дел Пролет се одлепи на плус пет, 19-14, а потоа само ја одржуваа предноста за конечни 27-21.

Strugaonline

Facebook Коментари