РШ Струга Динг 2021 славеше во езерското дерби над ГРК Охрид

- Локални, Спорт
463
Во вистински дерби натпревар пред преполна сала и одлична атмосфера, после многу надигрување  пионерската екипа на РШ Струга Динг 2021  заслужено ја запиша третата победа во третиот натпревар оваа сезона совладувајќи ја екипата на ГРК Охрид со резултат 20:13 (9:5)  .
,,Одлично го отворивме натпреварот, но во второто полувреме дозволивме мотивираниот противник да се врати во игра после неколку голови во серија. Сепак, во продолжение со смирена игра запишавме нови 3 бода. Честитки до сите играчи од двете екипи, охриѓани и стружани.,, -велат од тимот на Ракометната школа Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари