Сообраќајка кај Мислешево -едно лице загина, петмина се повредени

- Локални, Хроника
1527

Рано утрово, во 05:45 часот, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, се случи сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други се здобија со тешки телесни повредени.

– Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот. На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга. Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари