Сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга-Дебар- две лица се повредени

- Локални, Хроника
606
На 31.10.2019 година во 06 часот и 50 минути, на регионалниот пат Струга-Дебар,  случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила со струшки регистарски ознаки, „Пежо“ управувано од Ш.В.(33) и БМВ, управувано од А.К.(45), двајцата од струшкото село Велешта.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ш.В-возач на првото возило како и малолетно лице-сопатник во второто возило. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ од каде, поради сериозноста на повредите, Ш.В. е пренесена во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобил возачот на второто возило.  По наредба на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид изврши полициска екипа од полициската станица Струга.
Извор: СВР Охрид
фото: aрхива

Facebook Коментари