Состојбата со водата по параметар матност е нормализирана – во тек е комплетна анализа на сите параметри

- Локални
839

Од Центарот за јавно здравје – Охрид информираат дека состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на шест мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволената вредност.  Од таму исто така информираат дека е во тек комплетна микробиолошка и хемиска анализа на сите параметри во водата, по што  соодветниот наод односно резултат ќе биде доставен до инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување.

Strugaonline

Facebook Коментари