Струга од денеска пулсира во ритамот на културата – започнува „ДримОН“

- Локални
707

Денеска започнува шестото издание на фестивалот за процесирање култура „ДримОН“. Токму од вечерва, Струга ќе пулсира во ритамот на културата. Првата активност е посветена на најмладите, односно од 12:00 часот започнува Балон Арт – детска работилница (5-9г.) со Порака Нова. Час и половина подоцна следува „Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга“ Во 14.00 часот од Асоцијацијата „ЈАДРО“ ќе одржат  работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. За 19:00 часот е закажа книжевната промоција на Рок енциклопедијата. Во 20:00 часот ќе следува промоцијата на книгата  „Ехо на слободата“ на Ана Јовковска. Во склоп на  „ДримОН“ во 21.00  часот ќе биде отворена ликовна изложба на Антони Мазневски, а од 22:00 часот ќе започне филмскиот маратон на  „Македокс“.

Strugaonline

Facebook Коментари