Струшките ракометари убедливо славеа против Куманово

- Локални, Спорт
1023

Ракометарите на Струга и понатаму постигнуваат одлични резултати во Првата лига. Тие ја постигнаа и четвртата победа од пет одиграни натпревари до сега. Во досегашните натпревари поразени се само од тимот на Бутел Скопје.

Четвртата победа ја постигнаа против екипата на Куманово и тоа многу убедливо со резултат 32:16. Најпрво поведоа со 3:0, потоа постигнаа резултат од 7:1 и многу рано стана јасно кој ќе биде победникот. Стружани во текот на целиот натпревар ја зголемуваа предноста, а во еден период од натпреварот имаа и плус 19.  На крај победија со 16 голови разлика. Во нашиот тим се истакнаа Цветан Кузманоски со 10 голови, Александар Стојанов имаше 9, а Тодор Јанкулоски 4, додека голманот Кристијан Мечкароски забележа 15 интервенции. Во Куманово најдобар беше Дамјан Цветковски со 6 голови.

Facebook Коментари