Струшките триатлонци доминираа во дресот на охридскиот велосипедски клуб Лихнидос на последната трка од Државното првенство во друмски велосипедизам во Скопје

- Локални, Спорт
491
Вчера во Скопје се одржа последната трка од државното првенство во друмски велосипедизам. Дел од  членовите на триатлон и пливачки клуб ,,3 Дисциплини“  настапија за охридскиот велосипедски клуб Лихнидос, а со тоа ја завршија сезоната настапи за друмски велосипедизам.
Со целосна  доминација во категориите у-15 и У-13 ги потврдија шампионските титули за оваа сезона.
Категорија у-15
Првак во апсолутна категорија-машки и женски заврши нашата Тија Кукунешоска (2010) . Со оваа победа го запечати првото место во жени и апсолутна категорија у-15.
Во оваа категорија како второпласирана во конечен пласман жени е Наталија Ончева (2010) а трето пласирана Сара Димоска(2010).
Категорија у-13
Потполна доминација на струшките триатлонци во дресот на Лихнидос.
Марко Шаврески (2012 )со вчерашната втора победа во друмски велосипедизам и едно второ место ја потврди шампионската титула за друмски велосипедизам во 2023 година.
Како второпласиран или вицешампион со едно второ,едно прво и едно трето место е Симеон Јованоски Кацкароски (2011)
Како четврто пласиран во у-13 во конечен пласман за 2023 е Јован Кутаноски со едно 3 то место ,еддно 5 то место и 4 место (2014).
Петто пласиран за 2023 е Хади Исмаилоски (2013)
Едно 5 то место,4то и 5 то место.
Во женска категорија у-13
Софија Кутаноска( 2014) за 2023 е шампион во женска категорија за у-13 со освоено две први места и едно 4 то.
Леонтина Џероска (2013) за 2023 заврши како второ пласирана во конечен пласман едно второ,едно трето и едно прво место.
Стефанија Кутаноска (2014) како трето пласирана за 2023 едно 2 ро,едно трето и едно 5 место.
,,Честитки и за останатите наши членови што изборија пласман на некоја од трките или зедоа учество на некоја од трките. Некои освоија и медали на некои од трките ,а за поголем дел е огромен успех што завршија пред се на некоја од трките.“-вели тренерот Никола Кутаноски.
Strugaonline

Facebook Коментари