Успешен настап на Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ на регатата во Србија

- Локални, Спорт
1477

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга во периодот од 22-25 август имаше успешен настап на меѓународната веслачка регата во Палич, Србија со девет веслачи.

Веслачите ги постигнаа следните резултати:

Елена Столеска четврто место од 12 во дисциплината скиф за пионерки

Никола Мариноски и Филип Чабасоски шесто место од 13 во дисциплината дубл скул за пионери,

Матеа Чуркоска и Климентина Стојмиловска петто место од 7 во дисциплината дубл скул за пионерки, и Арсениј Ѓоршески петто место од 11 во дисциплината скиф за пионер.

Во склоп на регатата една трка беше откажана.

Strugaonline

 

Facebook Коментари