ЖКК Струга 2009 го ,,сруши“ шампионот ЖКК Бадел

- Локални, Спорт
282

ЖКК Струга 2009 го ,,сруши“ шампионот ЖКК Бадел со резултат 56:49 (15:16;09:18;19:08;13:07)

Најефикасна во нашите редови беше Ли со 31 поен и 10 скокови, Модева 8 поени и 9 скокови, Зендели 9 поени, 6 скокови и 4 асистенции, Стојановска 5 поени, 2 скокови и 4 асистенци. Муртазаи постигна 3 поени.

Кај гостите најдобри беа Метју со 15 поени и 8 скокови и Димитриевиќ со 14 поени и 4 скокови.

,,Пред се би сакал да им честитам на моите кошаркарки на одличната игра, на Бадел за фер и спортската борба и на публиката што на секој натпревар ја има во се’ поголем број. Натпреварот беше тежок со самиот факт дека игравме со минатогодишниот шампион и никогаш досега ја немавме победено оваа екипа во сениорска конкуренција. Поради тоа доста нервозно игравме во првото полувреме, што резултираше со 10 поени негатива. Во второто полувреме влеговме многу посмирено и со поагресивна игра и успеавме да ги стигнеме.  Натпреварот беше егал цели 38 минути, но , во последните две минути бевме посконцентрирани и ја забележавме оваа многу важна победа. ,, -изјави за Strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ .

Во рамки на младинската М14 лига, струшките кошаркарки забележаа пораз во Неготино против екипата на Спорт Тим со 49:34. Милчин забележа 14 поени, Незири и Зиба по 6 поени , Павлеска и Даути по 4 поени , а Цинциќ 2 поени.

 

 

Facebook Коментари