ЖРК Стружанка убедливо славеше над екипата на Ѓорче Петров

- Локални, Спорт
617

Ракометарките на  ЖРК Стружанка убедливо славеа на гости кај екипата  на Ѓорче Петров со резултат 36:15  и ја зачуваа четвртата позиција.

Нашите ракометарки целосна доминација покажаа уште во првото полувреме, по завршувањето на првиот дел резултатот беше 6:21.

Во второто полувреме Стружанки само ја запечатија победата, а ракометарките на Ѓорче Петров беа немоќни да се доближат резултатски. Најпрецизна во нашиот тим беше Теодора Дукоска со осум гола, додека во домашниот тим Ангела Цветановска постигна пет гола.

ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖРК СТРУЖАНКА 15:36 (6:21)

Сала: Кочо Рацин во Скопје. Судии: Андриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Зоран Кимовски.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Хасаноска, Маринчов 1, Несторовска, Џељадини, Петровска, Србиновска 3, Јовановска, Малцева 2, Шкријељ, Грковска 2, Антеска, Јованчева 2, Цветановска 5, Кежаровска.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Б.Затуроска 3, Јовичинац 5, Голабоска, Маркоска 3, Дукоска 8, Переска 2, Јоноска 2, И.Затуроска 4, Балоска 1, Петреска 1, Делиоска 7, Јусуфи.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 мин.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари