Денеска ќе се оствари нов телефонски разговор помеѓу Заев и Ципрас

- Македонија
909
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас утрово треба да остварат уште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа 60 минути. Двајцата премиери се договорија денеска телефонски да продолжат со разговорите за спорот за името, а според оценките на двете страни преговорите се при крај и има надеж и очекувања за постигнување решение пред Самитот на ЕУ подоцна во текот на месецов.
Извор: МИА
фото: aрхива
Strugaonline

Facebook Коментари