Вардарци ја одбранија титулата – повторно се прваци на Македонија

- Спорт
797

Со триумфот над Пролет од 38-25 (16-13) Вардар ја одбрани титулата во првенството на Македонија, 12. во клупската историја. На едно коло до крај на плејофот Вардар има предност во однос Металург, и без оглед на исходот од последното коло вардарци се прваци на Македонија.

За „црвено-црните” ова е четврти првенствен трофеј по ред, со што го израмнија клупскиот рекорд од четири последователни титули. Вардар е единствениот тим во Македонија што во два наврати има по четири титули по ред. Првата шампионска серија ја имааво периодот од 2000 до 2004 година. Сега од 2014 до 2018 година во првенството на Македонија повторно сѐ беше во знакот на вардарци.

Само во првото полувреме од натпреварот со Пролет гостите се држеа, па затоа Вардарци имаа само три гола предност на полувреме, 16-13. Во вториот дел полека ја преземаа иницијативата и резултатот полека се зголемуваше.

Ова беше последна контрола за Вардар пред настапот во Купот на Македонија каде во петок во Битола во полуфиналето се среќааваат со Пелистер.

Извор и фото: rkvardar.mk

Facebook Коментари