Oпштина Струга најавува проекти за разубавување на градот

- Локални
2131

Oпштина Струга најавува низа проекти кои во наредниот период ќе бидат имплементирани во нашиот град. Планирана е  реконструкција и проширување на шeталиштето „Корзо“ , во центарот на градот ќе се изгради часовник кој ќе го зголеми туристичкиот потенцијал на Струга и ќе стане уште еден убав симбол на нашиот град.

Шеталиштето ќе се простира од судската зграда до Зелениот пазар како симбол на поврзување на двата дела на градот со Булеварот „Корзо“ . Целиот проект има за цел подобрување на изгледот на  градот и неговата убавина.

Извор и фото: Општина Струга / Strugaonline

Facebook Коментари