Се урна руски авион во регионот на Москва, нема преживеани

- Свет
863

Авион на руската компанија Саратов ерлајнс во кој имало 71 патник, се урна денеска во московскиот регион.

Според податоците на специјализираниот сајт „Flightradar24“ авионот се урнал на околу 20 километри југоисточно од Москва.

Во патничкиот авион Антонов Ан-148 се наоѓале 65 патници и шест членови на екипажот, а како што наведуваат и руските медиуми, леталото било старо осум години.

Руските медиуми пренесуваат дека преживеани нема, а според сознанијата на RIA Novosti на списокот на патници било и едно дете

Авионот е виден како паѓа во поле на Раменскиот регион, а некои од медиумите тврдат дека горел во моментот на уривањето.

Извор: А1он

Facebook Коментари