Mакедонија претрпе голем пораз од селекцијата на Шпанија

- Спорт
824

Во првиот натпревар од второто коло, во групата 2 на ЕП во Хрватска, Македонија претрпе голем пораз од селекцијата на Шпанија. Натпреварот го загубивме со резултат 20:31. Нашите ракометари уште на самиот почеток на натпреварот покажаа лоша и неорганизирана игра. Шпанците целосно доминираа во текот на целиот натпревар и резултатски и во играта. Во нашата селекција одлично се покажаа голманите Ристовски и Митревски кои имаа голем број на одбрани, но невозможно беше да се стопи огромната предност на Шпанија. Многу технички грешки и загубени топки од страна на нашите ракометари доведоа до голема разлика во резултатот, а капитенот Лазаров  имаше повреда во 12-та минута и до крајот на мечот остана на клупата.

Шанси за добар пласман на нашата селекција се уште има. Потребни се победи во вторник и среда, односно во натпреварите со селекциите на  Чешка и Данска.

Strugaonline

Facebook Коментари