Вардар е непоразен во групата А од ЛШ, победа и против Рајн Некар

- Спорт
709

Вардар останува непоразен во група А во Лигата на шампионите откако во мечот на колото го победи Рајн Некар со 29-27 и „црвено-црните” остануваат лидери во групата со максимален учинов по четири одиграни натпревари.

Ова е шести триумф за Вардар во меѓусебните дуели со Рајн Некар во последните четири сезони откако играат во Лигата на шампионите.

Германскиот тим имаше одличен почеток, а на Вардар му требаа 33 минути за да го превземе водството. Откако поведе со 17-16 веќе беше полесно. Потоа Рајн Некар извесно време беше конкурентен, но кога во 45. минута Вардар поведе со „плус 2″ за водство 23-21 веќе беше направен потребниот исчекор. Оттогаш па се до крај на средбата Вардар имаше предност, некогапш и „плус 3″.

Вардарци го имаа расположениот Тимур Дибиров кој постигна 8 гола од девет обиди, и голманот Дејан Милосављев кој имаше вкупно 12 одбранети топки. Но, кога беше најпотребно Милосављев ги скротуваше ударите на противникот, па во последните 15 минути имаше четири одбрани плус еден пенал, токму кога Вардар почна резулатски да се одлепува.

На девет минути до крај Вардарци имаа можност да стигнат и до  четири гола предност и да поведат со 28-24. Но, откако Карачиќ не реализираше, ривалот побара тајм аут надевајќи се дека ќе може нешто да направи и да се врати во игра. Но, добрата игра во одбрана беше клучот.

Со триумфот против Рајн Некар сега Вардар има 13 победи во дуелите со германските екипи откако „црвено-црните” играат во Лигата на шампионите.

ВАРДАР – РАЈН НЕКАР 29:27 (13:15)

ВАРДАР: Милосављев (11 одбрани и 1 седмерец.), Гедбан, Стоилов, Поповски, Кристопанс 3, Мораеш 3, Карачиќ 4, Скубе 3, Калараш 1, Чупиќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 1, Борозан 4, Војводиќ, Кисељев, Мишевски.

Извор и фото: РК Вардар

 

Facebook Коментари