Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Струга

- Локални, Хроника
977

На 5-ти март оваа година, околу 17:00 часот на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга се случи сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Патничко возило „Опел Вектра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 49-годишниот Љ.С. од Струга, удрило во пешаците, 18-годишните А.Д. и Л.И., двете од струшкото село Радолишта. Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари