Џудо федерацијата во Струга одржа семинар за тренери и судии – „Струга 2018“

- Локални, Спорт
1060

На ден 17.02.2018 година во Струга, во организација на Џудо Федерација на Македонија и техничка организација на Џудо Клуб “Дрим” Струга успешно се оддржа стручниот семинар за судии и тренери “Струга 2018”.

На семинарот учество зедоа џудо тренери и џудо судии од ЏК во ЏФМ. Раководител на семинарот беше ИЏФ експертот Г-дин Габриел Сапта, предавачи беа: Габриел Сапта – модел на тренинг за волумен, модел на тренинг за интензитет м-р Игор Паскоски – новите судиски правила проф. Ѓорѓија Стојанов – план, програма и насоки за работа со пионерска репрезентација проф. Нада Ристов – џудо игри за деца.

Семинарот беше оддржан во два сегменти и тоа теоретски и практичен дел на кој сите предавачи имаа свое излагање. Семинарот помина во прекрасна атмосфера во Хотел “Солферино” покрај брегот на Охридското Езеро и џудо салата на ЏК Дрим.

Сите присутни тренери и судии го искажаа своето задоволство од стекнатите знаења и размената на искуствата кој ги стекнаа на семинарот низ интерактивна едукација и низ пракса, и целокупниот семинар помина во најдобар ред. Сека,ко домаќинот ЏК Дрим Струга со обезбедувањето на хотелот, конференциската сала со сите потребни реквизити за работа, ресторанот и секако џудо салата се погрижи сите присутни да се чуствуваат убаво и во пријатна атмосфера да го помина едукативниот процес.

Strugaonline

Facebook Коментари