Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска во Струга

- Локални
629

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември, Центарот за лица со попреченост  „Порака Нова “ организира Промоција на Иницијативата за Социјално Претпријатие за зајакнување на креативните вештини и вработувањето на луѓето со попреченост „Креативна дланка“.

Настанот ќе се одржи денеска, од 11:00 до 13:00 часот, во Кафе Бар „Блоку“  на Кејот на реката Црни Дрим во Струга.

„Ве покануваме да ја поддржите нашата иницијатива така што ќе присуствувате на нашето неформално дружење.“ – велат од „Порака Нова“.

Повеќе информации можете да добиете ТУКА

Strugaonline

 

Facebook Коментари