Пионерите на РШ Струга Динг 2021 убедливо славеа над РК Струга

- Локални, Спорт
463
Ракометарите на Ракометна школа Струга имаа активна спортска сабота.  Најпрво два натпревари со генерација 2012 и помали и 2010 со екипата на Стружанка.
,,За крај, во официјалниот натпревар нашите пионери како гости остварија рутинска победа против екипата на РК Струга со резултат 24:15(11-7)  и го задржаа максималниот ефект од четири победи по четири одиграни кола. Честитки до сите деца од двата тима за фер и коректната игра,, – велат од РШ Струга.
Од таму им честитаа и на нивните помлади пионери кои денес ги имаа првите официјални минути пред  струшката публика.
Во следното коло екипата на РШ Струга Динг 2021 е слободна, следен натпревар имаат за две недели на домашен терен против екипата на РК Прилеп.

Facebook Коментари