Пионерскиот тим на РШ Струга Дин загуби од Голден Арт, следен предизвик им е тимот на Вардар

- Локални, Спорт
127
Пионерскиот тим на РШ Струга Дин 2021 доживеа пораз на гостувањето во Скопје кај вицешампионот РК Голден Арт со резултат 31:12 (14:7).
-Ова беше тешко гостување за нашата подмладена екипа, особено во второто полувреме кога немавме решение за гранитната одбрана на домаќинот, што резултираше со тоа да примиме многу ‘лесни’ голови. Сепак, шанса за настап во нашиот состав добија сите 16 играчи-информираат од ракометната школа-Струга.
Во следното коло, шанса за бодови струшкиот клуб ќе има на домашен терен против екипата на РК Вардар 1961.
Strugaonline

Facebook Коментари