Претставата „Умри машки“ денеска во Центар за култура Струга

- Локални
1173

Денеска со почеток во 18:00 ч, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со претставата „Умри Машки“, ќе гостува театарот при Домот на културата „ Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Станува збор за комедија, од Алдо Николај, во режија на Томе Атанасов, а во која играат: Томе Атанасов, Димче Бањански, Кристина Николова, Крсте Мелов.
Влезот е 50 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари