Театарска претстава и концерт вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“

- Локални
629

Театарска претстава и концерт вечерва на програмата на фестивалот „Охридско лето“.

Театар Комедија премиерно ќе ја изведе претставата „Мизантроп“ според драмата на Молиер, а концерт на фестивалот ќе има канадскиот пијанист со руско потекло Еуген Сковородников.

Режисер на „Мизантроп“ е Ана Вукотиќ, сценограф Јелена Томашевиќ, музиката е на Александар Радуновиќ-Попај, костимите ги изработи Лина Лековиќ.

Што се однесува на концертот на Совородников, за уметникот критиката вели дека е изведувач со „извонредна изведувачка техника“, „неспоредлива елеганција и волшебна моќ“, „совршено мајсторство во свирењето и истенчено чувство за стил“.

Концертот тој ќе го одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, а на програмата се мазурки, полонези, варијации на Чајковски и Шопен.

 

Facebook Коментари