Вевчани ќе биде домаќин на 23 –те Регионални пензионерски спортски натпревари 2018

- Локални
970

Во просториите на Клубот на пензионери во Вевчани на 12 април се одржа консултативен состанок со претседателите, секретарите на здруженијата и со соработниците задолжени за спорт на регионалните пензионерски спортски-рекреативни натпревари од четвртиот регион, што ги опфаќа здруженијата на пензионери од Струга,Охрид и Дебарца, Дебар и Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод, Лабуништа и домаќинот од Вевчани.

Со состанокот раководеа домажините од ЗП-Вевчани претседателот на Советот Наум Чочороски, претседателот на ИО Витомир Костојчиноски и претседателот на комисијатан за спорт при ЗП Вевчани Јован Аврамоски.

Согласно заклучоците на Комисијата за спорт и рекреација при Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија,за ова година за домаќин на одржувањето на 23 –те Регионални пензионерски спортски натпревари за 2018 година му е доделено на здружението на пензионери –Вевчани, каде што има идеални услови за натпреварувања,а Вевчанци ќе се покажат како добри организатори и домаќини, кои ќе се одржат на 9 јуни во  9 часот Вевчани во комплексот на спортската сала.

По тој повод претседателот на ИО на ЗП Вевчани,Витомир Костојчиноски,во насока за имплементација на заклучоците од комисијата за спортски натпревари,организира консултативен состанок,на кој се извршија неопходни подготовки и критериуми согласно препораките на комисијата при СЗПМ.

На состанокот присуствуваше Ристо Трајкоски претставник и кординатор на комисијата за спорт и рекреација  за четврти регион при СЗПМ,кој ги пренесе препораките од комисијата,заднички по предлог од кординаторот беа избрани судиите,комисиите,одбори,беше одреден терминот за свеченото отварање 9 јуни и сатниците за натпреварот според дисциплините.Претседателите на присутниуте ЗП и претседателите на комисиите зедо учество,со дискусии да се внимава да не се пшовторат пропустите и грешките на судиите од минатите години за да имаме успешни пензионерски спортски игри рече Милорад Трпоски претседател на ЗП-Струга.

Додека пак претседателот на ИО на  Вевчанското  здружение Витомир Костојчиноски,го образложи правилникот и содржините кои ќе бидат реализирани на самата спортска манифестација. На крајот од консултативниот спстонок ЗП од Вевчани организира скромен коктел за сите присутни во реномираниот ресторан „Пелвец“Вевчани.

Според член 21 од правилникот за спорт и рекрација натпреварите се одржуваат во 11 дисциплини:

1.Гаѓање со воздушна пушка мажи и жени;

2.Шах-мажи и жени;

3.Пикадо-мажи жени;

4.Тегнење јаже-мажи жени;

5.Шутирање пенали на мали голчиња-мажи и жени;

6.Слободни фрлањ на кош-мажи и жени;

7.Фрлање ѓуле –мажи и жени;

8.Трчање-мажи и жени;

9.Скок од место –само мажи;

10.Домино-мажи и жени и

11.Табла –мажи и ижени.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари