Во борбен натпревар РК Струга загуби од РК Бутел

- Локални, Спорт
592

Во рамките на Супер-лигата РК Струга на гостински терен загуби од РК Бутел со резултат 21-19.

Натпреварот започна израмнето, до 4:4 се играше гол за гол, но Бутел успеа да направи серија и да се одлепи со 8:4. Нашите ракометари се бореа и во 27та минута од натпреварот успеаа да израмнат на 11:11, но Бутел отиде на одмор со предност од 13:12

И ракометарите на Струга и ракометарите на Бутел продолжија со цврста и решителна игра

На десет минути до крајот, Струга вторпат поведе на мечот, 18-19. Сепак, нашите ракометари направија грешки во решавачките моменти  и Бутел се врати во предност со 21-19 Двете екипи имаа уште по две шанси, но не погодија и ова остана конечен резултат.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари