Започнуваат градежните работи кај ОУ „Браќа Миладиновци” -избегнувајте паркирање во таа зона

- Локални
709

Oд Општина Струга ја информираат јавноста дека од денеска (сабота, 17.11.2018) започнуваат градежните работите за реконструкција на просторот помеѓу СОУ „Браќа Миладиновци” и Центарот за култура, односно  на влезот на училиштето ќе бидат поставени  бекатон плочки.

„Ве молиме да се избегнува паркирање и движење на возилата низ оваа зона , заради ефикасност и избегнување на секакви можни пречки кои ќе влијаат во работата. Ве молиме за вашето разбирање и соработка.“ – апелираат од Општината.

Strugaonline

Facebook Коментари