Македонија синоќа славеше над светскиот првак Данска, Лазаров спектакуларно ја започна улогата на селектор

- Македонија, Спорт
402

Во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2022 година, машката сениорска репрезентација на Македонија го совлада актеулниот светски првак Данска со 33-29. Oва беше прв натпревар во кој Кире Лазаров беше селектор и играч на натпреварот.

Нашите ракометари уште во првиот дел од натпреварот ја имаа контролата, Данците израмнија на 7:7 во средината на првото полувреме и тоа беше се што направија , Македонија продолжи во победнички ритам па првиот дел заврши со резултат 17:13. Во вториот дел Данска ја промени тактиката, но залудно, со игра ,,7 на 6“ на Данците, нашата репрезентација го полнеше нивниот празен гол.

На крај на натпреварот беше возбудливо, Данска имаше 3 гола негатива, но нивната надеж заврши кога Лазаров постигна гол  за 33-29 на неполна минута до крај. Митревски ја забележа 13 одбрана во последниот напад за Данска па Македонија го заврши дуелот со победа од 33-29.

Ова е трета победа откако Македонија квалификациите за пласман на Европското првенство ги започна со две победи против Финска и Швајцарија.

фото: РФМ

 

Facebook Коментари